| |

За неколку часа над 120 Бугари даруваа крв во болницата Пирогов за настраданите од трагедијата во Кочани

Само во првите два часа повеќе од 120 луѓе дарувале крв за настраданите во трагедијата во градот Кочани, јавува БГНЕС.

До крајот на неделата на паркингот на болницата „Пирогов“ ќе има шатор на Бугарски Црвен крст (БЦК) каде лекари од „Пирогов“ и волонтери на БЦК ќе ги пречекаат оние кои сакаат да даруваат крв за повредените млади луѓе.

Роднините на жртвите ќе добијат психосоцијална поддршка доколку е потребно и друга помош, врз основа на новите потреби на теренот.

На 16-ти март во пожар во дискотеката „Пулс“ во градот Кочани загинаа 59 лица, а 155 се повредени. 14 од жртвите во трагедијата моментално се сместени во бугарските болници.

Во Бугарија денеска е прогласен Ден на национална жалост во знак на солидарност со нашите браќа Македонци, пишува БГНЕС.

Слични Објави