| |

За прв пат по 79 г. гардисти го чуваат гробот на цар Борис III

За прв пат, од 79 години, гардисти го чуваат гробот на најомилениот бугарски државник цар Борис III. Бугарскиот монарх цар Борис починал на 28 август 1943 година по кратко боледување и сомневања дека е отруен.

Неговото тело било изложено за богослужба во катедралниот храм „Александар Невски“ и за четирите дена, додека неговите смртни останки биле таму, покрај нив поминале стотици илјади ожалостени Бугари.

На 5 септември, ковчегот бил натоварен на отворената платформа на царскиот воз и однесен во Рилскиот манастир, како што била неговата желба. Сите следни панихиди на гробот се одржувале со државни почести, а постојана стража останала во црквата.

Стражата била откажана по државниот удар на 9 септември 1944 година, а во 1946 година, за време на сесловенската конференција, Васил Коларов видел дека царската гробница станала место за поклонение и наредил смртните останки да се пренесат на друго место. Истата вечер Лев Главинчев тропнал на вратата на манастирот и објавил дека дошол со камион што ќе го однесе ковчегот. Игуменот Калистрат остро протестирал, но Главинчев покажал службена белешка од св. Синод кој го дозволува овој потег. Истата вечер, посмртните останки биле фрлени на ливадата пред палатата „Врана“.

На следното утро царица Јоана наредила да се изгради параклис во паркот каде што ќе биде погребан нејзиниот сопруг, а покрај параклисот била изградена и мала куќа за монасите кои ќе се грижат за гробот. Игуменот Калистрат бил казнет поради својата дрскост и бил прогонет во Тројанскиот манастир.

Царицата и нејзините две малечки деца ја напуштиле Бугарија само неколку дена по завршувањето на параклисот во „Врана“. Лажираниот референдум за објавувањето на Бугарија за република, ја одлучува нивната судбина.

Две години подоцна В’лко Червенков издал наредба параклисот да се крене во воздух, а цинковиот ковчег со посмртните останки исчезнал без трага. Дури во 1996 година во Рилскиот манастир беше откриен и повторно погребан садот со срцето на цар Борис III.

Денеска, за прв пат по 79 години, на гробот застанаа гардисти, а панихидата по повод 80-годишнината од смртта на најомилениот бугарски владетел ја отслужи бугарскиот Св. Синод во полн состав.



Слични Објави