ЗАЕДНИЧКИОТ БУГАРСКО-МАКЕДОНСКИ ПРОЕКТ ONE LOVE ПРЕРАСНУВА ВО ФЕСТИВАЛ

One love Tour прераснува во бесплатен фестивал од дванаесет часовна програма со уметници од сите музички стилови. Организаторите на проектот на прес конференција објавија повеќе детали за новото издание на турнеата. Таа ќе почне во Скопје на 16 јуни. На 30 јуни продолжува во Софија, 21 јули – Банско, 28 јули – Варна, 11 август – Струмица, 7 септември – Кавадарци, 8 септември – Русе и 5 октомври – Стара Загора. Меѓу изведувачите оваа година се Васил Најденов, Влади Ампов – Графа, Next time (Стефан и Мартин), Слаткаристика и многу други.
„ Пред една година, кога го започнавме проектот, ние имавме идеја колку е важно Бугарија и
Македонија да прават повеќе работи заедно, но немавме идеја колку мачен и тежок е овој пат „, истакна Андреј Арнаудов, еден од продуцентите на настанот. Според него, ваквите проекти успеале да ги соберат и уметниците и публиката од двете најблиски земји на Балканот.

„Ние веруваме дека ова е патот. До одреден степен, им дадовме тон на политичарите. Ние не одиме по
политиката, а пред нејзе. Набрзо откако решивме даго  направиме One Love Tour
за прв пат, Договорот за добрососедство беше потпишан. Тие не копираа „, се пошегува Андреј Арнаудов.
Продуцентите споделуваат дека освен музички исполненија, оваа година во секој град ќе има изградена улица на занаетите, каде што посетителите ќе се запознаат со традициите. „Ќе има грнчарство, резбарство, ткаење, плетење и други занаети. Луѓето ќе можат да се запознаат одблиску со магијата на древните и шарени традиции, а за време на фестивалот вековните вештини, занаети и фолклор ќе се пренесат со многу талент и љубов од современите Бугари и Македонци. Така ќе го зачуваме непроценливото наследство „, рече
Иван Христов.
„Ние сме блиски нации. Пофално е дека Иван и Андреј го прават тоа. Понекогаш она што културата може да го направи е далеку над тоа што политичарите го постигнуваат. Љубовта победува и јас сум среќен што можам да учествувам во таков форум „, посочи Васил Најденов, кој е меѓу учесниците во проектот
За време на отворањето на фестивалот во Скопје на 16 јуни ќе присуствуваат македонскиот премиер Зоран Заев и министерот за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева. Се очекува бугарскиот премиер Бојко Борисов да го потврди своето присуство.