Македонска владина делегација начело со премиерот Зоран Заев, заедно со претставници на Македонската православна црква и Римокатоличката Црква во Македонија, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Италија и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил“. Во Базиликата „Свети Климент“ македонската и бугарската владина делегација, предводена од бугарскиот премиер Бојко Борисов заедно ќе положат цвеќе на гробот на св.Кирил. Македонската делегација ќе положи венци цвеќе и на споменикот св. Кирил и Методиј во Амбасадата на Република Бугарија, каде премиерите Заев и Борисов ќе имаат заеднички ручек. Македонската и бугарската владина делегација ќе присуствуваат на отворање на заедничка културно – уметничка програма, организирана од министерствата за култура на двете земји.
Најново од Вести
Темата за Република Северна Македонија задолжително ќе помине низ Народното собрание. Ова по Коалициониот совет на
Делегација предводена од амбасадорот на Република Бугарија во РС Македонија н.е. Ангел Ангелов, денеска положи свежо
Сè уште е жив култот кон Борис Дрангов, интелектуалец и политичар од највисок ранг. Ова го
Учесниците на дискусијата „Бугарски гласови за Европа“ во Скопје разговараа за интеграцијата на земјите од Западен
Соборот на Украинската православна црква денеска изрази несогласување со ставот на рускиот патријарх и на цела