ЗАЕВ И МИЦКОСКИ СЕ СОКРИЈА ОД НОВИНАРИТЕ-ПРЕГОВОРИТЕ ПРОПАДНАА

„Наместо договор, продлабочување на кризата околу иднината на СЈО и Законот за јавно обвинителство. До рано утрината лидерската средба не даде никаков епилог. Бројните новинарски екипи попусто ги чекаа премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се појават во прес салата и да кажат каква било информација околу преговорите. Откако тоа не се случи, речиси по седум часови чекање, новинарите решија да заминат од Парламентот и да ги остават на раат да спорат околу позициите“, стои во материјалот на ДВ за синоќешната маратонска лидерска средба помеѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.