|

ЗАЕВ: НЕ Е ПРИФАТЛИВО ДЕКА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ИЗВИРА ОД БУГАРСКИОТ

Премиерот Зоран Заев како одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција по седницата на Советот за безбедност, изјави дека не е прифатливо тврдењето дека македонскиот јазик извира од бугарскиот.


„Факт е дека имаме заедничка историја и тоа го има во учебниците. Низ вековите сме имале заедничка историја и тоа е убава можност која можеме да ја искористиме во иднината“, рече Заев.

Претседателот Пендаровски од своја страна изјави дека до него не стигнала информацијата дека во Брисел бил постигнат договор за компромис помеѓу Македонија и Бугарија. Пендаровски е дециден дека преговори за македонскиот јазик немало и никогаш нема да има. Тој вели дека и со зачувување на црвените линии на двете земји е возможен договор.


„Ќе се најде компромис исто како што се најде со Грците“, рече Пендаровски.



Слични Објави