Заев утре ќе се сретне со Меркел
Премиерот Зоран Заев утре во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Средбата е во рамки на официјалната посета на владина делегација предводена од Заев на Германија, соопшти владината прес-служба. Германската канцеларка и македонскиот премиер по средбата ќе одржат заедничка прес – конференција. Според агендата е предвидено Заев да се сретне и со претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер. Премиерот ќе има и обраќање во централната канцеларија на Фондацијата „Фридрих Еберт“.
