Зеленски побара да се донесе јасна одлука за иднината на Украина во НАТО
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев сака да добие „јасна одлука“ за својата иднина во НАТО на јулскиот самит на лидерите на воената алијанса во Вилнус.
На Самитот на Европската политичка заедница во Кишињев тој повика на создавање коалиција за снабдување на Украина со системи за противвоздушна одбрана Патриот и борбени авиони, пренесува Ројтерс.
По пристигнувањето во главниот град на Молдавија, Зеленски рече дека ќе има многу билатерални средби на кои, меѓу другото, тема на разговор ќе биде членството во Европската унија и НАТО.
„Се со цел да ја заштитиме нашата иднина“, рече претседателот на Украина.
Зеленски на Самитот се сретна и со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски.
