ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 4,9 СТЕПЕНИ ЈА ПОГОДИ ЈУЖНА ФРАНЦИЈА
Рано утрово силен земјотрес ја погоди Јужна Франција, а земјотресниот бран се ширел од Нимс до Монпелје преку Бањол-сур-Сез, пренесува „Спутник“.
Националната сеизмичка мрежа за мониторинг објави дека биле регистрирани два земјотреса со јачина од 5,1 и 5,7 степени. Според француски „Ле Прогрес“, епицентарот на првиот земјотрес бил на 10 километри од Монтелимар, во Дроме, а на вториот 25 километри од Обенас, во Ардеш.
Нема извештаи за големи штети или повредени лица, иако луѓето кои живеат во погодената област на Твитер споделуваат фотографии и информации за земјотресот.
Извор: Макфакс
