|

ЖЕНА ОД ГОСТИВАР ШТО СЕ ЗАКАНУВАЛА СО НОЖ НА ПОЛИЦАЈЦИ ЗАВРШИ ВО ПСИХИЈАТРИЈА

Вчеравечер во 19: 10 часот на наплатна станица Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар била приведена Б.Ј.(30) од с.Стар Балин дол, Гостиварско.

Од МВР информираат дека истата се однесувала агресивно и се заканувала со нож дека ќе ги нападне полициските службеници при вршење работи од областа на безбедноста.

Набрзо Б.Ј. била пренесена во Психијатриска клиника во Скопје.

Слични Објави