ЖОАО МАРИО ГО НАПУШТА ИНТЕР

/

Фудбалерот на Интер, Жоао Марио летово по се изгледа ќе го напушти Милано. Италијанските медиуми пишуваат дека за фудбалерот од средниот ред е заинтересирана екипата на Монако која за почеток сака да го донесе на позајмица, а во договорот би имало клаузула дека по истекот на позајмицата Монако ќе мора да го откупи фудбалерот целосно за 18 милиони евра.

Исто така, клубот од „Кнежевството“ ќе ја превземе и неговата плата од три милиони евра годишно. Инаку, Жоао Марио се поврзува и со португалските гиганти Бенфика и Спортинг. Португалецот стигна во редовите на „нероаѕурите“ во летото 2016 година за сума од 40 милиони евра.

Извор: Спорт1



Претходна статија

ДОНЧИЌ РАЗОЧАРАН: НИКОЈ НИКОГАШ ТАКА ЛОШО НЕ СЕ ОДНЕСУВАЛ СО МЕНЕ!

Следна статија

СУДИР МЕЃУ МИГРАНТИТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА БЕЛГРАД, ИЗБОДЕН ТИНЕЈЏЕР ОД АВГАНИСТАН

Најново од Вести