ЗОШТО Е ДОБРО ДА ЈАДЕМЕ ЛУТО?

Зачинетата храна се вреднува низ целиот свет, бидејќи зачините додаваат посебен вкус на јадењето. Сепак, оние кои сакаат зачинета храна треба да знаат и да бидат внимателни околу нивните ефекти врз телото на ловекот. Неодамнешните студии покажаа дека употребата на зачини во секојдневните оброци може да донесе значителни здравствени придобивки. Покрај нивниот пријатен вкус, ароматизираните производи исто така влијаат позитивно врз општата здравствена состојба на човекот.

Придобивки од зачините и зачинетата храна:

1. Помага при губење на тежината – пиперката содржи капсаицин, кој може да го забрза метаболизмот и да му помогне на телото да согорува калории побрзо. Ова се објаснува со фактот дека оваа супстанца (капсаицин) ја зголемува температурата на телото и ги зголемува срцевите контракции. Покрај тоа, студии покажаа дека луѓето кои консумираат зачинета храна во големи количини губат телесната тежина многу побрзо.

2. Предности за срцето  – лутите плодови помагаат да се подобри здравјето на срцето преку стимулирање на способноста на телото да ја раствора згрутчената крв. Истражувањата покажаа дека нивоа на ЛДЛ или лошиот холестерол се намалуваат кога чили се додава во исхраната на човекот, со што се намалува ризикот од мозочен удар. Капсаицин во чили пиперката ги намалува и воспаленијата. Покрај тоа, статистиките покажуваат дека во културите каде зачинетата храна често се консумира, инфарктот и мозочениот удар се многу помалаку застапени.

3. Подобрување на циркулацијата – зачинетата храна ја стимулира циркулацијата на крвта и помага во намалување на крвниот притисок. Кога едно лице консумира зачинета храна, температурата на телото се зголемува, како и проток на крв, па со тоа и активноста на срцето. Зачинетата храна, исто така, помага да се зајакнат ѕидовите на крвните садови, бидејќи е богата со витамини А и В.

4. Помага во борбата против ракот – многу студии заклучија дека редовната употреба на пиперки и кари го намалува ризикот од рак. Капсаицинот го забавува растот на клетките на ракот, а во некои случаи тие се уништуваат без да влијаат врз околните клетки. Во земјите каде што исхраната е богата со капсаицин, традиционално (Индија, Мексико), некои форми на рак се појавуваат во многу помал број.

5. Го подобрува варењето – зачините ја оптимизираат дигестивната активност, го зголемуваат протокот на крв во стомакот и се грижат за мукозата. Капсаицинот помага да се елиминира хеликобактеријата во желудникот и помага да се спречи или излечи чир на желудник.

6. Артритис – куркума е еден од зачините кои ја игра улогата во намалување на воспалението на зглобовите и ронењето на коските, како и болки поврзани со артритис.

7. Помага во борба против грипот. Капсаицинот го стимулира потењето и ги намалува симптомите на грип и настинки, а исто така може да се користи за ублажување на симптомите на синусит.

8. Помага во борба против несоницата – австралиските истражувачи откриле дека луѓето кои редовно јадат зачинети јадења, спијат поцврсто и полесно се будат, а нивното ниво на енергија во текот на денот е повисоко.

9. Помага при елиминација на депресија – употребата на пиперки во исхраната доведува до зголемување на нивоата на ендорфин и серотонин, хормони кои го стимулираат доброто расположение и помагаат за ослободување на стресот.

10. Го подобрува дишењето – пиперката исто така е корисна за луѓето кои страдаат од астма, хроничен бронхитис,  синусит и други респираторни заболувања.

Слични Објави