ЗОШТО ФРАНЦИЈА КАЖА НЕ ЗА МАКЕДОНИЈА?!

„Непознавањето на минатото, дава грешна претстава за сегашноста и искривена визија за иднината“.

Луѓето кои немаат познавање за минатото, многу тешко си ја објаснуваат позицијата на Франција и зошто точно таа светска сила е против нашиот почеток за преговори со ЕУ.
Како за изненадување ни дојде и посетата на Макрон на Србија и тоа точно во период кога треба да се земаат клучни решенија за иднината на Македонија.
Недобивањето на датум би било силно торпедо кон владата на Заев, која искрено го смени македонскиот геополитички курс.
Зошто Франција игра вака, одговорот може да се најде во континуитетот на нејзиното политичко дејствување во минатото. Зошто на Франција и е важна толку Србија? Тоа не од сега така.

Ќе започнам од битката на Кајмакчалан на која од една страна се Французи, Англичани и Срби а од друга бугарската армија во чиј состав е и 11-тата Македонска девизија. Овој пример го давам за да разберете каков идиот во буквална смисла е Миленко, кој со чекан маваше по плочите и коските на бугарските војници, во чии состав е 11-тата Македонска девизија, составена од доброволци- наши дедовци. Во тој период, нашиот и бугарскиот геополитички интерес се совпаѓаат со германскиот. Битката се води за Србија да си ги врати позициите во Македонија, т.е да ја пороби одново, што е интерес на Франција и Англија, со цел заедничка граница на Србија и Грција.
Во 1934 година големо чудо е станало во града Марселија. Тргнал ми српскиот крал Александар со парахода, сојуз да прави против жална Македонија. Го пречекал министерот Барту с генералите.
Класичен пример на соработка на Србија и Франција за задржување на статус квото на Балканот и останување на вардарска Македонија под српска окупација. За голем дел од светот, кралот Александар е џелат кој на сила ја држи вардарска Македонија под ропство.
Но се појавил Величко-Владо Черноземски и им ја растурил работата. Ги убил и кралот Александар и министерот за надворешни работи на Франција, Барту.

Размислете за овие факти, можам да избројувам уште многу, како што е фактот дека Франција и Англија секогаш биле на страната на Грција и Србија во сите војни. Додека пак оската исток-запад, Бугарија и Албанија ги имале за сојузници Германија и Италија. Од денешна перспектива поддржувач на оската исток-запад е САД.
Факт е дека владата на Заев заигра на оската исток-запад. Факт е дека со влегувањето во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, сонот за заедничка српско-грчка граница на Балканот станува илузија. Но исто така е факт дека Франција се стреми да си ги поврати старите геополитички позиции. Дали Македонија ќе биде искористена како лост за влијание на Франција на Балканот, сите движења покажуваат дека натаму одат работите. Држејќи ја како заложник Македонија, Франција ќе се обиде да ги врати во игра своите стари сојузници Србија и Грција.

Во политиката нема место за емоции, има интереси кои треба да се заштитуваат. Макрон е амбициозен, Меркел во залез на кариерата, има вакум простор кој треба да се пополни.
Но каде е нашата предност? Грција е нестабилна, го затворивме прашањето со нив, за жал многу болно. Србија ќе влезе во циклус на турбуленции за превласт. Макрон ќе се обиде да ги стабилизира.
Битката е започната со изјавата на Дачиќ кон Борисов, но Борисов е хегемон на Балканот. Парите на ЕУ за Западен Балкан се во Берлинскиот процес, кој догодина ќе се претседава од Борисов и Заев.
Кој ги држи парите, тој порачува музика.

Автор: Тој Бугаринот