27 април е крвавиот печат на криминалната ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ
27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ поттикна вооружени насилници да упаднат во Собранието обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок и да предизвикаат и граѓанска војна. Денес, тие насилници кои беа придружувани и од самиот Христијан Мицкоски пред македонското Собрание, ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува уставобранители, дури бараше и нивна амнестија, што само покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е насилничка партија, која сака одново да гази врз слободата, врз демократијата, да се пресметува со неистомисленици, да шири омраза и поделба меѓу граѓаните. СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи да се заборави 27 април, нема да дозволи никогаш да се повтори“, се вели во соопштението.
Според нив времето на крвави и црни датуми во македонската демократија, одамна е завршено.