|

Дојава за поставени бомби во пет скопски средни училишта

Случајот го потврди и МВР.

„Денеска во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на пет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот – информира МВР.

Средношколци од училиштето Орце Николов за Телма потврдија дека и нивното училиште било евакуирано и дека полицијата е во училиштето. Исто така слична состојба е и во средните училишта Никола Карев, Јосип Броз и Раде Јовчевски Корчагин. Закана стигнала и на адресата на АСУЦ во Автокоманда.

Слични Објави