(Видео) Погледнете ja првата епизода на бугарската серија „Војната на буквите“
Бугарската национална телевизија го започна прикажувањето на историската серија ,,Војната на буквите”. Серијата е историска драма што се темели на романот ,,Војната на буквите ” на познатата бугарска авторка Људмила Филипова.
Во серијата учествуваат едни од најпознатите бугарски актери како : Дејан Донков, Теодора Духовникова и Захариј Бахаров, познати на публиката во РС Македонија од хит серијата ,,Под прикритие”. Режисери на филмот се Виктор Чучков и Зоран Петровски. Во филмот толкува улога и младиот актер од РС Македонија и воспитаник на НАТФИЗ „Крстјо Сарафов“ Кире Ѓоревски.
Серијата раскажува за љубовта меѓу најмладиот бугарски кнез Бајан и внуката на византискиот император Марија. Императорот ветува дека ќе му ја даде за жена под услов кнезот да му ја открие тајната на непобедливата бугарска армија чувана од мистериозниот монарх Црноризец Храбар. Бајан разбира дека силата на армијата се крие во древна азбука која може да ја спаси или неговата љубов или неговото царство. Тој треба да направи избор меѓу Марија и Бугарите. Во неговиот опасен животен пат Бајан ср претворува од младо и дрско момче во мудар заштитник на бугарскиот народ, кого легендите ќе го овековечат со името Бајан Магесник.

