| |

(Не)културата на селективното присвојување и дистанцирање

Пишува: Х. Битолски

Постои една многу интересна (не)култура на селективно присвојување или дистанцирање од личности од историјата и сегашноста кај голем дел од етничките македонци, која зависи само од одредени потреби за докажување и величање на самите себе во даден момент, преку која просечниот македонец ги покажува своите комплекси.

Кога некој македонски албанец, влав, бугарин, ром, турчин итн. стане успешен, направи некое добро дело или постигне нешто со кое сметаат дека можат да покажат пред светот колку македонците се големи, се китат со неговите/нејзините дела и успеси, и најважно од се му наметнува онаков македонски идентитет, каков што одговара само на самите нив, тоест на оние кои го присвојуваат.

Со текот на времето следат неколку етапи, или кон митологизирање и идолизирање до крајности, или кон демонизирање на ликот и делото, во зависност од тоа колку нивните обиди се успешни, на колку отпор наидуваат итн.

И така, следејќи ја оваа (не)култура, дури и оние кои не го кријат ниту пак се срамат од својот расизам, моментално забораваат за “гнасните” шиптари, татари, ѓупци, и ја покажуваат својата ” “големина” пред светот со македонците Мајка Тереза, Гоце Делчев, Јанаки и Милтон Манаки, Шабан Трстена, Есма Реџепова, Питу Гули, Перо Антиќ, Тоше Проевски, Тодор Александров, итн.

Конечен заклучок: Ако си добар и мрѓународно признат и почитуван спортист, револуционер, поет, артист – ти си македонец. Но ако си криминалец, корумпиран политичар, или дури пак само обичен човек кој јавно ги искажува своите ставови, кои не се совпаѓаат со она кое што сакаат да го чујат и видат, тогаш можеш да бидеш само гнасен татар, ѓуптин, влав, шиптар…

Слични Објави