|

(Видео) Нови експлозии во Запорожје и Херсон, четворица загинати во ноќниот напад

Во последните неколку минути украинската државна телевизија објави извештаи за експлозии слушнати во Запорожје и Херсон.

Андриј Јермак, шеф на канцеларијата на украинското претседателство, на „Твитер“ објави дека Запорожје е нападнат.

Russians are barraging Zaporizhzhia.

Residential buildings and Khortytsia island are under enemy fire.

— Andriy Yermak (@AndriyYermak) March 22, 2023

Државната телевизија на Украина објави дека бројот на загинати во ноќниот напад на руски беспилотни летала во регионот на Киев се искачи на четири. Извештаите исто така велат дека седум лица се повредени, меѓу кои и едно дете. На официјалниот канал на „Телеграм“ се вели:

„Бројот на загинати во нападите со беспилотни летала на Ржисив во регионот на Киев се искачи на четири“, изјави началникот на регионалната полиција. Телото на 40-годишен маж е извлечено од петтиот кат на еден од студентските домови оштетен од дронови.

Слични Објави