| |

Новиот министер за надворешни работи на Бугарија Иван Кондов: Сведоци сме на обиди за замолчување на македонските Бугари

„На 6 мај на д-р Андреј Ковачев, д-р Милен Врабевски и на уште неколку бугарски граѓани не им беше дозволен влез во РС Македонија. Во военото гробиште кај Ново Село, струмичко се погребани бугарски војници и офицери. Ова одбележување е традиционално и досега немало никакви проблеми. Тие се појавиле во некаква листа за забрана на влез. МНР е во постапка на известување на институциите на ЕУ“, изјави на денешниот брифинг за новинарите министерот за надворешни работи на Бугарија Иван Кондов, јавува БГНЕС.

„Практиката на Скопје да не не’ информира нас и нашите европски партнери ја кочи нашата доверба. Сведоци сме на обиди за замолчување на македонските Бугари“, додава Кондов.

Тој констатира уште дека постои неисполнување на преземените обврски од страна на РСМ.

Слични Објави