| |

Време е за нов Илинден

Facebook статус на Христо Аблански

Повеќе од половина век, комунистите и интернационалистите се обидуваа да гo избришат споменoт за Илинден од нашата национална меморија. Резултатите се такви што, за мнозинството Бугари народноослободителните борби на Бугарите од Македонија не се интересни и не се тема за размислување.

Знаеме многу за Раковски, Ботев, Левски, Бенковски и априлската епопеја, но многу малку или ништо знаеме за другите големи датуми и личности, како што се Илинско-Преображенското востание, Гоце Делчев, Дамјан Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев, како и сите познати и непознати херои на ВМОРО. Токму поради оваа незаинтересираност и неинформираност за македонското прашање, сведоци сме на спорадични изблици на реакционерен псевдопатриотизам и екстремен национализам на маса. Така е и од другата страна на границата…

Време е за нов Илинден, во душите и срцата, каде што непријателот е доста силен, но важно е да го победиме за заедно да одиме напред кон остварување на европските соништа и идеали на толку многу бугарски херои.

Среќен Илинден!

Слични Објави