АКО ЈА САКАШ НЕ ЈА ПОВРЕДУВАЈ
„Кога и да засакав една жена секогаш ја повредував, што повеќе ја сакав тоа повеќе ја повредував. Знаеш дека ја сакам. Да не ја сакав немаше да бидам со неа. Но бидејќи сум човечко суштество кое има во себе променливи емоции, само ја сакам на погрешен начин. Од здрава и цврста врска сѐ се претвори во деструктивен однос, а јас се однесувам кон саканата на многу погрешен начин. Но се надевам дека ќе се соземам и ќе го извадам последниот џокер од ракавот за да ја вратам довербата во нашата љубов и ќе дадам сѐ од себе нашата врска да биде посилна од кога и да е… Како сега се сеќавам кога првпат се запознавме, жена по која патев, не знам зошто но секоја наша средба бев многу возбуден, нејзината дива природа, смисолот за хумор, самосталноста, не е посебно убава но во неа најдов сѐ она што го барав во другите жени. И најмогу од сѐ и ја сакам харизмата…“
Ако ја сакаш сакај ја на поинаков начин. Чувај ја нејзината убавина, нејзиниот немирен дух, нејзината слободоумност, нејзината целост. Таа е сопственик на сопствената судбина, но треба да разбереш колку важна улога играш во нејзиниот живот, начинот на кој се однесуваш со неа е начин на кој таа се доживува себеси. Можеш да направиш да и светат очите или можеш да ја натераш да се чувствува изгубено. Таа е скулптура во твои раце која се надева дека внимателно ќе знаеш да ракуваш со неа.
Ако ја сакаш не ја уништувај. Знаеш и самиот колку била повредена од минатото, ако е со тебе треба да знаеш дека го победила стравот, несигурноста за пак верува во некој. Го оставила минатото зад себе и решила да и даде уште една шанса на љубовта, ти ја отворила душата и целото свое срце. Немој да ја изневеруваш, најмалку кога мислиш дека добро ја познаваш, таа не е книга која има свој крај, таа е нешто кое допрва треба да го откриеш. Секој ден кога треба да ја видиш треба да се однесуваш како прв пат да сте се сретнале. Биди со неа во денешницата и не мисли дека ако си со неа си присутен можеш да бидеш и доволно далеку а таа да го чувствува твоето присуство. Стимулирај и ги мислите, душата и нејзиното тело, влези во нејзиното срце како да влегуваш во море. И запомни ќе ја скршиш само ако ја сакаш а не ја посакуваш, ако ти е потребна само кога осаменоста ти се вовлекува под кожа…
Таа бара љубов во секој еден момент поминат со тебе а не само кога си преплавен со страв и несигурност. Немој да дозволиш твоето минато да ја скрши, немој да ја сакаш само поради тоа што може да се носи со сите твои емоционални кризи, немој сам да ги поправаш работите таа и без твое знаење со тек на времето ќе поправи сѐ. Дозволи и со нејзината љубов да ти ги лекува раните, но треба да знаеш дека ако со неа си ја пополнуваш празнината, верувај од напред ќе знае и тоа ќе ја уништи.
Таа само сака твоите постапки да се мотивирани од љубов, разбирање и трпение, не се однесувај кон неа како кон скршен предмет, прифати ја со сите нејзини сршени делови како целина. Помогни и да разбере дека сите лоши работи кои и се случиле останале во минатото и дека со тебе ја чекаат поубави моменти. Ако ја сакаш сакај ја со сите нејзини мани и несигурности, таа е несовршена исто како и ти, но е спремна несовршеното да го подели со тебе. Сака да си ја соголи душата пред тебе и да биде онаа што е, ниедна жена не е гола кога ќе ја соблече маж, гола е кога ќе си ја отвори душата.
Ако ја сакаш биди нејзина поддршка, таа истото би го направила и за тебе. Ако се потрудиш околу неа,таа ке се потруди многу повеќе за тебе. Ако и ја покажеш месечината, таа ќе ти го покаже целото соѕвездие. Ако ја сакаш таа ќе те сака многу повеќе. И запомни не си маж ако сакаш 1000 жени, сакај една на 1000 начини.
Автор: Фросина Китановска

