Почина и бабата по труењето со пита во Скопје
Јавен обвинител од скопското Обвинителство издаде наредба за обдукција на телото на 79-годишна жена, која почина откако повеќе од 10 дена беше хоспитализирана по семејно труење со пита во Скопје.
Претходно, по истиот настан, почина 47-годишна жена, а 55-годишниот маж беше пуштен на домашно лекување.
Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето.
Од домот на семејството се подигнати 20-ина траги за кои е издадена наредба за вештачење. Исто така, издадена е наредба за обезбедување на медицинските истории на тројцата пациенти. Се преземаат и други дејства.

