НИКОЛА ДИМИТРОВ ОД ПРИЛЕП: ЗА МАКЕДОНИЈА НЕ СЕ ЗБОРЕШЕ НИ ПО ХОДНИЦИ
Министерот за надворешни работи Никола Димитров на трибината „За Европска Македонија“ во Прилеп, изјави дека до пред извесно време за Македонија не се зборело ни по ходниците на меѓународните организации. Според Димитров многу поголема форма на патриотизам е да чекориш заедно со големите, отколку да чекаш во ровот. Тој подвлече дека позициите на Македонија во спорот со Грција биле ослабени поради манијата да се докаже чив е Александар Велики. Димитров подвлече дека никој не може да им каже на Македонците дека не се Македонци и додаде дека ние не можеме да го смениме минатото, но можеме да ја смениме иднината на подобро.
