| |

ПЕТЕР: АКО КАЖЕТЕ „НЕ“, ЌЕ СЕ РАЗНИША ДЕНАРОТ, БАНКИТЕ, НЕМА ДА ИМА ИНВЕСТИЦИИ

Губење на милијарди евра финансиска помош од Европската унија, намалување на странските директни инвестиции и можност за дестабилизација на денарот што ќе предизвика притисок врз банкарскиот сектор, се дел од последиците со кои може да се соочи Македонија доколку не влезе во Европската унија. Ваков став изнесе денеска претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Штефан Петер, додавајќи дека со невлегувањето во Унијата постои можност да се намали увозот и извозот, компаниите да ја изгубат конкуретноста и младите квалификувани кадри да се иселуваат надвор од државата. Според него, земјата би била кредитно поспособна доколку е дел од Европската унија, отколку кога би била надвор од Унијата.

„Ако младите и децата немаат верба во иднината ќе се зголеми иселувањето. Најпаметните ќе избегаат, ќе дојде до изолација на земјата. Од финансиски аспект, потенцијални милијарда евра нема да дојдат во Македонија, затоа што голем број земји биле поддржани со финансиски проекти во Унијата. Ако кажете не ќе биде тешко да се задржи стабилноста на денарот, стабилноста на банките, нема да има заеднички договори за трговија, а домашните компании ќе ја загубат својата конкурентност, нема да има странски инвестиции, рече Петер.

Според него, ЕУ е најуспешниот проект на европскиот континент на 21 век. Вели дека успех е мир, безбедност, стабилност и просперитет. Додаде дека ниту еден договор не траел подолго од тој на ЕУ.

Слични Објави