|

Ниеден министер за финансии, премиер ниту, пак, претседател на уставен суд не може да се меша во внатрешните работи на синдикатот: УПОЗ на протест пред Уставен суд

„Ние тука протестираме и ќе протестираме пред Министерството за финансии, а дали ќе има штрајк или ќе нема, ќе одлучат колегите. Ниеден министер за финансии, премиер ниту, пак, претседател на уставен суд не може да се меша во внатрешните работи на синдикатот. Ова го посочи Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ и преку протест пред Уставниот суд изразува револт за привремената мерка со која им се стопира исплатата на зголемувањето на платите за 30 отсто.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, изјави дека бараат средба со претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, за да им каже кога Уставниот суд ќе ја донесе конечната одлука и дали се планира, како што се зборува, да ја поништи одредбата од законот и вработените што  протестираат да ги враќаат парите.

„Дијалогот не треба да се води преку медиумите. Доколку министерот за финансии, премиерот и претседателката на Уставниот суд не се охрабрат да седнат да разговараат со нас за решавање на проблемот, не знам со кого ќе го решат проблемот. Потребна е само мала добра волја, како што се донесе закон за права на буџетите, нашите плати се под просечната плата, посочи Деаноски и додава:

„Овие пари што нам ни ги скратија се во буџетот, зошто да не ни ги дадат, кога ќе земеме плата, плаќаме сметки, плаќаме кредити и преживуваме. Со кои плати ние да живееме, друга институција ни ги крати нашите плати“, додава тој.

Деаноски прашува и дали ќе треба да ги враќаат парите назад, но главното прашањето што тој го поставува е дали овие луѓе имаат пари да ги враќаат една година назад.

„Претседателката на Уставниот суд да ни објасни како тоа во најбрз можен рок се зема во работа иницијативата поведена од граѓанинот против членот 63 став 3 од Законот за буџетите, со која се донесе привремена мерка и за која на вработените во Министерството за финансии и на сите органи во состав на Министерство за финансии нема веќе да им се исплаќа додатокот, односно надополнувањето на плата за 30 проценти“, вели Трпеновски.

Вработени во Министерството за финансии, Управата за имотно-правни работи и Бирото за јавни набавки – членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ),  протестираат пред Уставниот суд за привремената мерка со која се им се стопира исплатата на зголемувањето на платите за 30 отсто.



Слични Објави