Одбележуваме 82 години од смртта на Сребра Ушлинова, комита од редовите на ВМОРО
На 31 јануари 1942 г. во Варна умира СРЕБРА АПОСТОЛОВА УШЛИНОВА, комита на ВМОРО. Родена е во битолското село Лера, 1886 г. Се мажи за револуционерот Апостол Илиев. Заедно со прочуената Донка Ушлинова го убиваат месниот бег-разбојник Џелеб Реџо. Тројцата бегаат во гората и се присоединуваат кон четата на ресенскиот војвода Славејко Арсов. Покасно таа е четник кај Георги Сугарев. Мајка ѝ Петра Димова е затворена после Илинденското востание и лежи во затворот до Младотурската револуција од 1908 г. кога е ослободена, но малку покасно умира. После Балканската војна Сребра се преселува во Бугарија, каде одгледува 4 деца.
„Убиството на Џелеб Реџо Суљов беше извршено кон крајот на м. август 1902 г. во с. Лера, кое е на 15 км. од Битола, со околу 200 куќи, од кои само 80 се бугарско население, останатите се турско. Поради аферата со убиството на Реџо, бугарското население во тоа село беше поставено под специјален строг режим.
Бугарското население во с. Лера секогаш било под неограничено тормозење во секој однос од месниот богаташ Реџо Салиев. Независно од економското угнетување, бугарското население во с. Лера секојдневно преживувало и тормозење на неговите неморални намери. Поубавите моми и жени не можеле никако да излезат од своите куќи.
Сребра со простодушниот остар поглед, со завидно стројно развиено тело, кое издаваше ретка животна способност и вродена скромност на селска срамежливост, криеше во себе си и своето кораво, но будно национално срце што тупа. Секогаш резервирана и скромна до наивност во релациите, таа не се тревожеше од никакви незгоди и скудност на новата состојба.
Со таа смела и единствена по својата ролја акција во с. Лера, македонската Бугарка го издигна гордо знамето за заштита на моралните традиции на својата вера и семејна чест, која беше издигната во култ. Со тоа тие две селанки-јатрви од с. Лера отворено и демонстративно му објавија на целиот свет, дека жената од Македонија не е веќе робинка и е способна да се бори, за да го порази секое посегнување и пројава на секој узурпатор во нивната родина. Така тие станаа првите нелегални жени – комитки во редовите на револуционерната организација во битолско.“
КАУРКИТЕ СТАНАЛЕ КОМИТИ, Христо Настев, 1937 г.
