Макрон на бугарски јазик му се заблагодари на Денков за посетата
Францускиот претседател Емануел Макрон преку објава на својот Фејсбук профил се заблагодари за вчерашната посета на бугарскиот премиер Николај Денков во Париз, јавува БГНЕС.
Макрон на бугарски јазик ја нагласи „храбрата борба за реформи и проевропска политика за Бугарија и за Европа“.
Францускиот претседател истакна дека двете земји заедно ќе продолжат да одат напред во име на европската безбедност и одбрана и за енергетскиот суверенитет, особено преку нуклеарната енергија.
