| |

ОД УТРЕ ВО СОБРАНИЕТО ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ПРАТЕНИЧКИОТ МАНДАТ НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го доставил известувањето од судот за пресудата на пратеникот Никола Груевски до претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања.  Претседателот на Комисијата Павле Богоевски има рок од 15 дена да закаже седница.  Комисијата за мандатно имунитетни прашања треба да одлучи дали пратеникот Груевски по ваквата пресуда е „недостоен за вршење на пратеничката функција“ што е еден од условите според собранискиот Деловник за одземање на пратеничкиот мандат.

Слични Објави