|

(Видео) Коридор 8: Зад завесата на мјузиклот во Бугарија и Република Северна Македонија

Мјузиклот како сценски настап, неговата застапеност и иднина во Бугарија и Република Северна Македонија беше темата на синоќешната 170-та епизода на македонско-бугарскиот поткаст „Коридор 8“. Гости во емисијата беа режисерот Јавор Радованов (Бугарија) и оперските пејачи Десислава Христова (Бугарија), Гонца Богоромова-Краповски (Република Северна Македонија) и Мартин Димитриевски (Република Северна Македонија).

Гостите разговараа на повеќе теми, поврзани со развојот на мјузиклот и за тоа што е потребно да се направи за една идна соработка меѓу македонски и бугарски артисти во едно такво сценско остварување.

Зошто мјузиклот стана актуелен во последните години, дали овој сценски настап е конкуренција на операта или ја дополнува, каков е интересот кон тоа уметничко остварување во Република Северна Македонија, како класичките пејачи ја напуштаат својата зона на комфор во операта и оперетата, преку учеството во мјузикл, колку е важен мјузиклот во воспитувањето на децата и дали има шанса за заедничка копродукција на мјузикл на уметници од Бугарија и Република Северна Македонија?

На овие и на уште неколку прашања одговорија гостите во поткастот „Коридор 8“. Целиот разговор можете да го погледнете во видеото што следи:



Слични Објави