| |

Пирови победи

Facebook статус на Никица Корубин

Епирскиот крал Пир од кралската куќа на Молосјаните, роднина на Александар Македонски, еден од најголемите хеленистички владетели и самиот инволвиран во војните на дијадосите и еден од најраните противници на римската експанзија во регионот; денес се јавува како фантазмагорична реминисценција на нашите партократски избори на “заробената држава”.

А, пак со неговите победи над Римјаните, кај Хераклеја и Аскулум, кои историјата ги памети како “Пирови победи”, во смисла на “формална победа, а суштинска загуба” може слободно да се идентификуваат сите учесници на изборите завршно и на неколкугодишното предизборие како вовед, секој од аспект на ролјата што ја имаше или (нај)свесно ја превзема.

Кој се’ денес, треба да се идентификува со Пировата победа, на строго метафоричко ниво, без ниту една друга сличност со ликот на големиот Пир; не е прашање на перцепција, туку на жалосен факт на флагрантна одбрана на “заробеното општество” и продолжување на неговиот животен век. Кое има само една цел: државата да остане негова. А, во парламентарна демократија не може двајца сопственици, или се граѓаните или се клановите.

Пировате сентенца “уште една ваква победа, и ние сме изгубени”, делува фатално, само за оние кои сакаат да продолжат во конформистичко-елитистичкиот манир на квази-европеизам и квази-патритотизам, дека немаат контрола и вина над сопственото соучесништво, во губењето на “војската на Пир” при триумфалната “одбрана” на “заробената држава”. Бранејќи ја неа, “заробената” како фикција и контрола, се губи “реалната”, како единствена точка на постоење како “свои на свое”. Се’ друго е “свои на туѓо”, со постепено губење и на значењето на “свои”.

И затоа нема радосни, туку задоволни и нестрпливи. Задоволни од половичноста на исходот и нестрпливи за крајниот ефект. По принципот на домино. Пировата победа на “заробената држава” над малцинско европските делови во СДСМ, го продолжи домино ефектот (преку испоставите во “новите партии”) кон Пировата победа на ВМРО-ДПМНЕ со сопствените малцинско европски делови, која треба во својата “прегратка” да ја апсорбира и анулира Пировата победа на ВЛЕН (читај “духот на Курти”).

Ги “распределија” истите гласови, за кои ја создаваа “почвата” (амбиентот на хистерија во општеството), за да не го надминат квантумот кој може да се контролира (излезноста), строго внимавајќи на “квалитетот” на понудата, со целосно заедничко затворање на политичката сцена. Со целата низа на “пирови победи” на “јавноста” последните неколку години, од медиуми, преку синдикати, до аналитичари и академици, невладини “анти-ЕУ” предводници. Пир ја доби битката, “заробената држава” е одбранета, ама државата на граѓаните, уште една ваква битка нема да издржи.

Пред да почнат да слават за “илузијата на победа”, со сите “пирови победи” што ги извојуваа, дилемата останува: колку блиску беше (или е) поразот на “заробената држава” што мораше да ги спои вака жестоко сите наводни противници? А, лакмус за оваа дилема, како и секогаш доаѓа од “независните” медиуми. Која тема сега пропагандно ќе се наметне, каде ќе биде фокусот, заврши ли “катаклизмата”, дојде ли победата? Пировата, се разбира.

Во меѓувреме, поучно е на Пир да се реферираат и албанските политички партии, освен македонските. Пир е епирец, молосјанец, исто како што и нашиот Александар Македонски е пола епирец. Може, во недоглед да се користи анти-албанскиот наратив, како лајтмотив на блокада на европската интеграција, ама за прв пат, во првите редови на парламентот ќе седат пратеници Албанци.

И тоа не оние на владеачката ВЛЕН, туку на опозициската ДУИ, втора партија во парламентот. Како, моќен потсетник, за сите македонски копии на Пир, кои глумат националисти на туѓа сметка, а на наша штета, дека Северна Македонија е граѓанска држава на сите, и само како таква е слободна и европска држава. За “заробена” секако не е проблем. Се обединивте за да ја одбраните. Ваша беше, ваша остана … (БЈ)Република Македонија или Северна Македонија? За фантазмагоријата се сонува, ама со реалноста се управува. Пир со секоја битка се бореше за својот Епир, за што се борите вие со вашите “Пирови победи”?



Слични Објави