Од понеделник излегуваат на слобода првите амнестирани затвореници
Стапи на сила Законот за амнестија, а од понеделник на слобода да излезат првите амнестирани затвореници, јавува Фокус. Од Управата за извршување на санкции велат дека затворите во земјава ги подготвуваат предметите на затворениците, кои согласно законт треба да се ослободат. Од Кривичниот суд велат дека се формирани повеќе кривични совети кои ќе одлучуваат по барањата за амнестија. До скопска единица веќе се пристигнати стотина предмети, поради што можно е судот да работи и за викендов. Од таму велат дека очекуваат околу 1.500 решенија. Со Законот за амнестија целосно ослободување од затвор ќе добијат околу 800 лица, додека намалување на казната за 30 проценти ќе опфати над 3 илјади осуденици.Законот не предвидува амнестија за сторителите на убиство, кривични дела за силување, избори и кривични дела против државата.

