СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – двете страни на антибугарската паричка
Пишува: Ели Секуловска/БГНЕС
Да се пишува за избори во Северна Македонија, без разлика дали се претсдетелски, парламентари или внатрепартиски, за секој критички и доследен колумнист претставува вистински кошмар.Колумните треба да поченете да ги пишувате неколку дена порано, па не знаејќи како ќе завршат изборите, да ги чекате резултатите. Вашите написи ќе се појават дури следниот ден додека пак за тоа време сите македонски телевизиски куќи и интернети уште пред да се знаат конечните резултати веќе објавиле,добро ги преџвакале и прокоментирале изборите! Тогаш, колумнистот ќе мора да биде доста креативен и да внесе некоја постмодернистичка метатекстуална досетка во својот текст !
Така и со денешните избори за претседетал на партијата СДСМ која недоамна катасрофално изгуби на последните парламентарни избори во Северна Македонија.Изборниот ден го одбележаа нивните внатрепартиски византиски игри кои беа ударна вест и тема на денот на сите телевизиски куќи. Четворицата кандидати за престедатели на партијата цело време меѓу себе се обвинуваа за изборни нерегуларности, додека пак едната кандидатка, Госпоѓата Славјанка Петровска уште претходниот ден ја повлече својата кандидатура. Со слични обинувања излегоа и уште двајцата кандидати, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски кои обвинија дека се разботи за сериозна злоупотреба на базата на податоци. Изборниот процес започна во 8 часот, а истиот заврши во 20 часот. Се гласаше на 77 избирачки пунктови, а своето право на глас можеа да го дадат 23 377 акредитирани членови. За престедател на СДСМ е избран Господинот Венко Филипче со 9052 гласа.
Во своето експозе после изборниот резултат, Господинот Филипче рече дека партијата треба да се реформира и реорганизира. Тој истакна дека СДСМ ќе биде партија која ќе обединува, а нема да разединува. Партија која ќе биде светол пример за младите генерации во Северна Македонија!.
Позната еквилибристика, оддржување на рамнотежа на апсурдот. Истата реторичка форма, извинување за грешките и ветување на нов и светол почеток беше забележана и од страна на ВМРО- ДПМНЕ после дебаклот на парламентарните избори во 2016 година.
Говорите и на двете парии им личат на кратки римувани песнички за кои само иронијата, гротеската и сатирата би била формата со која може да се коментираат. Цикличните промени и доведување на ситуацијата до апсурд, па ветување на светли и нови почетоци се главното оружје на двете најголеми политички партии од македонскиот политички корпус кои си поигруваат пинг понг со теледигираното гласачко тело.
Народот за нив е поим за монолитен ентитет кој ја изразува заедничката волја. Губејќи ја моќта на демократското делегирање, граѓаните не делуваат, туку од нив се бара да ја играат улогата на Народ.
А македонскиот народ, мнозинството , добро ја игра таа улога. Обединети околу етно- национализмот, тие тврдоглаво одат против патриотизмот, и мислат дека штом се етно – националисти, тогаш се патриоти. Коа етно- национализмот е во центарот на вниманието се губи и значењето на поимот држава која во самата суштина е организиран систем кој ќе функционира од граѓаните за граѓаните, без раслика на нивната етничка или верска припадност.
Целиот тој националситички наратив е пратен со делување на медиумската пропаганда во која се актуелни најразлични интелектуалци, академици, научници, писатели, теоретичари на завери , новинари и обични луѓе. Колку поделбата по етно- нацинализмот треба да биде поголема , толку повеќе расте тиражот како на пишаните така и на виртуелните медиуми кои веќе долго време се под власт на политиката и финансиите Политичарите по правило под влијанието на рејтингот , детално и конзистентно го истражуваат јавното мислење, а со помош на емоциите на граѓаните да си го зголемат својот рејтинг. Цивилниот сектор навидум е под влијание на своите програми , меѓутоа, индиректно е под влијание на личните бенефити.
Денес очигледно дека и двете партии си помагаат една на друга , обединети околу етно – национализмот, поточно анти бугаризмот, со меѓусебен договор во кој едната партија ја игра улогата на добриот , а другата партија на лошиот полицаец. Меѓусебните обвинувања -предавник и патриот се само декор на апсурдот, додека пак истите со децении циклично си ја предаваат власта едни на други. Барем , оваа поделба да беше покорисна и потолерантна – без толкави негативни емоции кои се флуктуираа кај мнозинството од народот, без омраза, горчина и пред- инфарктен бес , тогаш сите би го потрошиле времето на попаметни и покорисни работи.
Понекогаш, ќе се јави гласот на разумот,претставен од американската амбасадорка во Северна Македонија , Анџела Агелер која изминатите денови без дипломатски ракавици рече дека Преспанскиот договор и преговарачката рамка со Република Бугарија се едиснтвениот можен пат на Северна Македонија кон ЕУ . Во истовреме , и Господинот Али Ахмети како преставник на Европскиот фронт од албанскиот опозиционен блок излезе со став дека уставните измени треба што поскоро да се случат.
Но, сето тоа како да се губи во етер. Каде се движи Северна Македонија , веќе тоа никој не може да го каже.
СТАВОВИТЕ И МИСЛЕЊАТА ИЗНЕСЕНИ ВО РУБРИКАТА „ПОЗИЦИЈА“, НЕ СЕКОГАШ СЕ ИЗРАЗ НА УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА ПОРТАЛОТ „ТРИБУНА“

