ДИМИТРОВ МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА БОРИСОВ ЗА ВЛЕЗОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО
Ова беше долг пат. Со ова го исполнуваме ветувањето од првиот парламентарен состав, ова е резултат на целокупната работа на многу генерации и обврска на нашата. Ова не беше ни приближно предвидливо, туку се случи поради лидерството на премиерот Зоран Заев и Алексис Ципрас кои го поплочија патот кон оваа цел и помирување и докажаа дека и невозможното е можно. Исто така признание и до премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов за охрабрувањето со потпишувањето на Спогодата за пријателство за да се двишиме во овој правец, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров во уводниот говор.
Мојата нација е многу силна, сакам да се заблагодарам на сите амбасадори и претседатели кои се заложија за нас. Ние сме подговени, ние сме тука. Ви благодарам, изјави Димитров.

