| |

Железничката врска Македонија – Бугарија, Големиот нов светски пат

Пишува: Христо Михаjлов

Уште во IV век паметните државници знаеле дека им се неопходни патишта од Дунав до егејот, и од Црно до Јадранско Море, означувајќи ни ја благопријатната транспортно географска положба на македонската и бугаската почва уште од древноста. Зашто и во минатотот и во сегашниот момент и во најблиска историска перспектива, двете држави имаат особено важно стратегиско и економско значење за Европа, бидејќи точно оттука минувале најаважните патишта на крстоносните пхооди едниот преку Ниш, Сердика Софија, Филипополис Пловдив, други низ самата Македонија и Беломорието. Од многуте древни патишта коишто ги соединувале Јадранското со Црно Море, најпознат е Виа Игнација, кој започнувал од јадранското пристаниште Драч и кај Битола се разделувал во две насоки. Едниот се насочувал кон Солун и оттаму преку Беломорска Тракија водел до Цариград, другиот пак на североисток преку Штип и Ќустендил се разделувал во уште две насоки. Првиот низ Софија минувал преку Искарското дефиле а другиот покрај Сапарева бања и Самоков кај Ихтиман се соединувал со дијагоналниот пат Белград-Цариград. Со поимот Виа Игнација останува во историјата јужното расклонување крај Егејското Море од Солун до Цариград, а со потпишаната декларација на државните раководители на Албанија, Македонија, Бугарија и Турција само се востановува североисточното отклонување на древната Виа Игнација, од Ќустендил право на исток се до Бургас, и тоа е всушност единствениот настан со идлјадолетија па наваму зашто и на Балканот му се неопходни две магистрали. Спогодобата меѓу четирите држави го постави почетокот на осуштествувањето на еден нов светски пат од Јадранското па се до Црно Море но силно ги вознемиурва Грција и Србија, и оттаму единствените можни грешки за Република Македонија и за Република Бугарија на шаховската табла на Балканот се националниот нихилизам, пасивната заштита на националните интереси и синдромот на послушноста. Геополитичката положба на европскит југоисток е веќе неповратно променета, бидејќи проектираниот нов пат Исток Запад е предсвесник и надеж за нов балкански дом, но синдромот на ропската послушност како се уште да го помрачува политичкиот небосклон на возродувачката Република Македонија. Народ којшто не ја осознава неопходноста од изградба на општото давајќи му предност на личниот интерес, кој не се солидаризира и не ги обединува напорите врз некаква идеја за подобра иднина и општа среќа, просто е осуден. Денешните Македонци и Бугари егзизистираат во две самостојни држави, но ние со Бугарите имаме заеднички историски генетски и крвни врски заздравувани во заеднички битки и страдања под туѓ гнет, и имаме заедничко сеќавање памет за сето тоа.

Коридорот 8 ги урива историските диктати

Имено, со оваа железничка врска се создаваат новите елементи на економското и политичкото соединување на нашата македонска борбеност, издржливост интелигенција и емоционалност со бугарскиот индструсријален и културен потенцијал. Но, доколку Македонија и Бугарија не го забрззат пронаѓањето на извори за финансирање на работата за изградба на Коридорот број 8, тој навистина ќе биде дуплиран како од север, така и од југ. Нашата  млада држава има специфичен интерес од него во голем степен и поради тоа што дел од него ни ја претставува меѓудругото и врската со Бугарија. И ако тие врски не бидат изградени  токму сега, кога можат да се најдат допирни точки на македонскиот и интересите на другите држави, на крајот ќе бидеме само безнадежно изоставени, а новите политичари ќе се оправдуваат, дека всушност некој пред нив направил погрешен избор, а нашите историчари и натаму ќе ни разоткриваат анитмакедонски конспирации, за колку да не ни исчезне сосмеа нашата национална свест. Затоа пред сите други Македонија и Бугарија најпосле би требало да разберат дека во областа на инфраструткурата имаат општ интерес со САД; а оттаму и во специјалната стратегија којашто без да им противречи на нивната заедничка евроинтеграција не ги осуетува витално важните економски врски во насоката исток-запад. Американските интереси тука се совпаднуваат со интересите на нашите две држави, а останатото е во рацете на управувачите на политичките партии и на добросвесните луѓе и од двете страни на границата. Сево ова која е и да е македонска влада треба да го знае и постојано да го има на ум дека нашиот национален нихилизам ни приредувал само лоши шеги, а часот на големата политика како да не сака уште да дојде. Зашто никако не смееме да забораваме и треба да бидеме особено внимантелни тука на Балканот, евентуалното потесно зближување меѓу Република Македонија и Република Бугарија има свои традиционални непомирливи противници коишто повеќе од сигурно  е дека нема да стојат мирно и да гледаат сеир. Веќе од поодамна е кристално јасно дека на патот кон ЕУ и НАТО има само конкуренти, а не партнери, и времето на илузии за Република Македонија одмина, бидејќи смислата на целата историја на Балканот од 1878г. Та наваму е во тоа да несуштествуваат по никоја цена силни Македонија и Бугарија, и токму затоа статусквото на интерсите на нашиот Полуостров востановено по Првата светска војна, се уште не е нарушено И Скопје и Софија предоверувајќи и се на божем грчката усужливост по патот кон ЕУ и НАТО; како слепци коишто ги водат по однапред определен пат и паѓајќи во немата пајажина на сентименталноста, буквално ја доведоа сопствената добронамерност до состојба на безлична платоничност. Зашто без цврста решителност за самостојно инвестирање во заеднички инфграструктурни проекти, без сопствени маштабно замислени и практично спроведени економска и културна политика меѓу двете држави, е само пројава на крајно опасна политичка кусогледост. И покрај контактите на највисоко рамниште нашите патеки кон Црно и Јадранско Море барем засега си остануваат стопирани на Деве Баир и Ѓуешево, според српско гркчкиот повеќе од стогодишен калап. Точно до таму бидејќи по којзнае кој пат се стопира можноста Македонија и Бугарија за да се здобијат со економски културен и духовен излез до оние вештачки гранични бариери, и никакво преминување кон основната магистрала Ниш Скопје Атина, а тоа е всушност она прочуено рамновесие на интересите, според коешто Македонија и Бугарија треба засекогаш да останат далеку од пресечната точка на двата транспортни Коридори број 8 и 10. Стратегиската за Македонија и Бугарија тема е раскршувањето на Берлинското и Нејското статускво коешто наложи сестрано оттуѓување меѓу двете земји. Тие диктати активно дејствуваат и денес, а нашите северни и јужни сосед и покрај клетвите во демократските вредности прават се што е можно тие диктати никогаш да не бидат заборавени за нас. Зашто тие премногу добро знаат дека евентуалното отпаѓање  на тешките клаузули на тие антицивилизациски договори, ќе се случи само тогаш кога ќе се изгради железницата од  Куманово до Ѓуешево, и кога магистралата низ Бугарија , Макеоднија, Албанија и Италија ќе започне да пренесува енергија, стоки и луѓе и секако и иеди. Тие имено знаат дека одвај дури тогаш ќе отпаднат пљачкаџиските договори од Берлин, Букурешт и Неј, и дека одвај тогаш Македонија и Бугарија ќе можат да направат својот голем пробив. И токму затоа прават се тоа да не се случи, тој пробив да не биде остварен и покрај убавите фрази за регионална соработка тие мрачни сили континуирано работат против Македонија и Бугарија.

Политичките сопки го уништуваат македонскиот идеал

Времето на старите митови и илузии одмина и ние треба да бидеме сосема начисто со тие нивни мераци, за најпосле да ни озари македонското општество од светлината на мирниот напредок. Стрелката на историјата како да не сака да се отклони од својата предопределена насока оти треба неизоставно да знаеме дека на еден нов Берлински конгрес, зад интересите на Србија и Грција повеќе од сигурно е дека тврдо ќе застанат и славјанска Русија и самата Франција.Денес секое забававување на изградбата на железничката врска Бељаковце Ѓуешево, којашто ги поврзува Скопје и Софија е просто свесен акт директно насочен против виталните национални интерси на Македонија и на Бугарија и во интерес на погоре споменатите држави и политичко економски кругови. Промените коишто настапија во бившата комунистичка Југославија повторно ги разбуди стратегиските мечти на србија и Грција за заедничка граница меѓу нившто може многу лесно да се оствари започнувајќи најнапред колку самоза илустријаца со грчкиот економски десант во Република Македонија, И ете зашто постојаното конфронтирање и дезорганизирањето на економската и културната соработка меѓу Македонија и БУгарија е првостепене задача на атинската и белградската дипломатија. 

Пат кон Европа 

Надворешната политика на Република Македонија досега има само пасивно набљудувачки карактер, изразувајќи се во маркирање со декларативен тон на негативните настани. Неопходна е не само декларативна, туку поактивна и елачстична достигјаќи до агресивност ефектиквна политика којашто би била единствено адекватна на создадената меѓународна ситуација денес, зашто ние Македонците повеќе не можеме да се занесуваме, за да не испаднеме во ролјата на камилата, којашто барјаќи го рогот ги изгубила сопствените уши! Ние македонците денес како да не можеме да го распознаеме дрвото од железото, но ако само малку пораскопаме во нашата поблиска и подалечна историја, убаво ќе бвидиме дека сме успевале само тогаш кога сме имале волја и устрем сами да ја преземеме инициајтивата и реализциајта на своите работи. Неопхдно е да се доведе општеството со посредство на медиумите до определена степен на повишен патриотски ентузијазам преку озосноавање на фактот дека таа железничка  линија е дела од макеоднскиот ирдеал за еден подобар шивот и е често за нашиот народ. Ако има државничка волја политичка и техонолшка умешност и народен ентузијазам не може а да не успеем ако и за дрѓавата тоа да е последната капка крв а за други лажица мед. Среќата слетува на рамнеиците на смелитеи навистина крајно време е нашиот народ да ги активира своите заштитни сили, исползувајќи го целиот свој историски опит и остаточна сила. Навистина нстапни моментот да се дејствува со сите сили, за што тао е важна стратегиска задача за економскиот и културниот развој не само на Македонија и Бугарија, но и за целиот регион и за неговите врски со ЕУ: Во случајов ситуацијата е таква што навистина треба да се дејствува заеднички и без понатамошно одлагање тврдо и со железен мотив од страна на државните раководители од двете земји и од сите нас, зашто железничката врска е објект број 1 за Македонија и Бугарија. Крајно време е да подотрезнеат од сопствената пешстерска омраза кон Бугарија некои од левите политичари ов Република Македонија, заошто идниот развој на нашите две братски држави зависи исклучително токму од таа железница, како дел од Коридорот број 8. Никој никому не треба да му пречи туку само да му помага со се што може без никаква дволичност, а зад кулисите на зближувањето  нуно е само извесно напрегнување на здравиот разум, за да ги сфати човек многуте задни цели, коишто некои наши соседи темелно го спроведуваат тоа перфидно вешто менаџирајќи со една лисичја деликатност патриотските  чувства на македонскиот народ. И уште нешто, економскиот наплив од страна на Грција кон денешна Република Македонија, со оглед на српско грчките интереси се повеќе од јасни тие на секој начин да попречуваат во осуштествувањето на Коридорот 8. Најреално достижната цел пред Македонија денес е завршното изградување на тој фамозен Коридор 8, а се избориме ли за неговото осуештствуање , не ние, туку Европа ќе притиска врз нас бидејки е економски обврзана со нас. Македонската надоврешна политика треба да мине од платоничноста на своите детски мечти кон материјализирањето на возможното, и подразбираме ли воопшто , дека заради заемните погодности, денес Република Бугарија е нашиот најреален и природен сојузник во секој еден поглед? Современа Бугарија ни е уште вистинскиот и единствениот контрапункт на условената соработка со Грција, зашто не е само еден патот за насоката север југ , која веќе и не е лажица за нашата уста. Го осознава ли сето тоа сегашната македонска дипломатија, не пренасочувајќи ги реките во обратна насока? 
Најнакрај ако Република Македонија во самиот почеток на 21- век влезе со железничката линија Скопје-Софија треба да бидеме стопроцентно сигурни дека сме тргнале по правилниот пат кон обединета Европа и кон третотот илјадолетие, излегувајќи на светската сцена како самостојна величина,којашто одлично си ја осознала сопствената вредност!!



Слични Објави