| |

Бугарите од Македонија биле обесправени , а има Бугарка министерка од партијата што е против “бугарскиот диктат “ !?

Facebook статус на Тони Коцев

Министер во владата , Сања Божиновска , член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Способностите на министерката навистина се фасцинантни ! Од менаџерска позиција во компанија во сопственост на Воин Лазаревич , компанија против која е покрената истрага за перење пари, директно се искачува на пиедесталот на владата како министер! Очигледна е нејзината експертиза во работењето со финасии и менаџмент во вакви “елитни “ кругови (раководела фирма обвинета за перење пари ) , па на Дпмне традиционално им се потребни вакви кадри .

Ајде што ја бива за тоа , ама и се стекнала со Бугарско државјанство , покрај Чешкото и Македонското ! Инаку , за да добие Бугарско државјанство , покрај останатите услови , потпишала и изјава , заверена кај нотар , дека има “ Б’лгарско самосознание “ . И после , бугарите ке не убедуваат дека , Бугарите од Македонија биле обесправени , а има Бугарка министерка и тоа не од било која партија , туку од партијата што е против “бугарскиот диктат “ !?



Слични Објави