ВЕШТАКОТ ПОВТОРИ: САЗДО НЕ ПОЧИНАЛ ОД УДАРОТ ВО КУТИЈАТА НА ЕВН
Со сослушување на вешто лице од судска медицина, предложен од обвинителството за дополнително изведување докази по реконструкцијата на настанот, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето на Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо. Вештакот кажа дека последното вештачење од 4.3.2019 година е сублимација на обдукцијата и претходните вештачења и доплнувања за предметот и дополнета со реконструкцијата од 7.2.2019.-Остануваме во целост со претходно дените мислења во однос на причината за смрта, начинот за добивање на повредите, страдањата на сега покојниот. Анализирани се и изјавите на учесниците и сведоците и самата местоположба на местото на настанот каде е извршен овој чин. Утврдивме дека сега покојниот повредите што ги задобил се нанесени со директен удар на тапа, тврда сила во глава и слабинската регија, а не се настанати од пад на асфалт или електрокутија што беше посочена на самата реконструкција. Со оглед што на телото на покојниот нема никакви повреди од пад на некаква тврда подлога во вид нагмечувања, рече вештакот.Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Јетон Љужа (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид” на булеварот „Александар Македонски” во Автокоманда.Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза”.
