Макфакс: Прес-конференција на Никола Димитров и Метју Нимиц (ВО ЖИВО)
– Во 21-ви век никој не може да ни забрани да бидеме Македонци, ова е Европа каде има човекови права и слободи. Иако имаме разбирање за дел од Грците кои се чувствуваат себеси за Македонци. Ќе се трудиме да најдеме решение кое ќе биде прифатливо за двете страни, но можно е тоа решение и да не се најде.
Дел од изјавата на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров дадена за време на заедничката прес-конференција со пратеникот на ОН за преговорите за името Метју Нимиц.

