Двајца од најбараните терористи на ПКК се убиени при операција на турските безбедносни служби
Четворица терористи од ПКК, меѓу кои двајца раководни кадри на групата биле убиени во операција на турските сили в Дијарбекир, јави турската телевизија НТВ, а пренесува А1 Он.
Гувернерот на Дијарбекир, Хасан Басри Ѓузелоглу изјави дека двајца од убиените биле на „синиот список на лица по кои се трага“ на Министерството за внатрешни работи на Турција.
„Единиот од нив е Мурат Јучер, осомничен за организирање акции турската држава“, посочи Ѓузелоглу.
