| |

КОМИСИЈАТА ПРЕДЛОЖИ ДА МУ СЕ ОДЗЕМЕ МАНДАТОТ НА ГРУЕВСКИ

Со пет гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ Комисијата за мандатно-имунитетни прашања го утврди предлогот за одземање на мандатот на екс-премиерот и пратеник Никола Груевски поради неоправдано отсуство во работата на Собранието повеќе од шест месеци, јавува Макфакс.

Предлогот од Комисијата ќе биде ставен на дневен ред на наредната пленарна седница каде по расправата ќе се гласа за мандатот на пратеникот Никола Груевски. Според Деловникот потребно е двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници за да се одземе мандатот.



Слични Објави