Еден бандит во маршалска униформа, 45 години од смртта на Јосип Броз Тито
Пишува: Христо Михајлов
Време-Шпанска граѓанска војна, 1936 година. Во малите француски погранични градчиња се развивала една контрабанда на луѓе, со која интернационалните бригади на шпанските комунисти се снабдувале со “пушечно месо“. Околу 11 000 југословенски поданици биле транспортирани по тој начин во летото 1937 година. Коминтерната имала подготвено сѐ до перфекција, а лично отговорен за таа човешка контрабанда во тогашна кралска Југославија бил веќе отдамна бараниот от полицијата во Белград и Загреб терорист, по име и презиме, Јосип Броз Тито. От сите 11 000 души, што истиот тој Тито ги префрлил во Црвената Шпанија, според педантно изработените планови во Москва, одвај дали само околу 1000 се вратиле живи и здрави назад во својата татковина. Остатокот от нив некаде паднале убиени или пак изумреле, за никој жив да не се сети или погрижи за нив.
Малку подоцна Јосип Броз земал активно учество на страната на францускиот комунистички водач Андре Марти во градчето Албасет, за воена обука на комунистите од Интернационалнате бригади. По тајната порака на сесилниот Сталин, Тито бил посочен како првокласен довереник на своите московски господари, затоа што се пројавил како организатор уште во Шпанската граѓанска војна на страната на болшевиките. Потоа откако Англија и САД го дозволиле, во согласност на Јосиф Висарионович, паѓањето на југословенскиот крал Петар Втори, Тито беше величан от нив како божемен балкански борец на слободата. От двајцата организатори на Интернационалната бригада во шпанската граѓанска војна, едниот под името Тито, станал и единствениот, од британското и американско правителство и официјално признат главен командант на една сојузничка армија и патем, сам на себе, сѝ ја прикачил титулата Маршал на Југославија.
По тоа време, југословенската емигрантска влада во Каиро отфрлила секаква взаемна дејност со фамозниот Јозип Броз. Британскиот и америкнскиот лев печат го упрекнуваат јавно младиот и неопитен српски крал Петар, дека неговото отфрлање на соработката со Тито, е само уште едно сведоштво повеке за неговите (кралските) реакционерни сфаќања. Тие вестници во Лондон и Њујорк се служат со псевдонимот на Јозип Броз, и му вијат лаврови венци от херојски легенди, без ни најмалку да подозираат дека всушност се работи за завршен сталинист. Ниту вестниците во самите Англија и Америка и уште помалку нивните влади, коишто го објавиле Јосип Броз Тито како енинствен командант по изричната желба на Сталина, не ни предполагале дека новиот колега на ген. Ајзенхауер, на Монтгомери и Сер Метленд Уилсон е најобичен човек, кој лежел во затвор, не само заради политички престапи, но и за безбројни други криминални дејанија од општ карактер. Обучен за ковач и шлосер, тој најумешно ги използува придобиените знаења, во продолжение на повеке од двадесет години за браварија, бива осуден како престапник и некаде пред 1928 година е слободен заради општа амнестија. Во затворот Тито се запознал со членовите на една комунистичка терористичка ќелија , со којашто останува во врска. Досиејата на југословенската полиција го покажуваат јасно неговото учество во една кражба во селото Кајсерика до Загреб во м. Февруари 1933 г , кога се ранети неколку селски полицајци, а еден е и убиен. Вон тоа, од досието се гледа и неговото учество во банда за фалсификување на банкноти, која веројатно се наоѓала исто така во директна врзка со терористичката организација. Обвинителот во Загреб го наредил следењето на Тито поради фалсификување на 800 парчиња на југословенски банкноти од по тогашни 50 динари. Но името на Јозип Броз е сврзано исто така и со маса политички престапи, по што почвата во Југославија станува “врела“ за него.
Меѓувремено, тој е веќе член на ЦК на КПЈ и по тајните патишта на неговата терористичка организација е испратен преку Балканите и Турција за Москва, каде што е примен во Лениновата виша школа. Тоа е оној надалеку прочуен Институт на комунистичките терористи, каде се обучувани и повекето комунистички водачи на европејските држави. И точно тука Тито се сретнува за прв пат со Андре Марти, а три години подоцна ќе се пројави како деен организатор на комунистичката контрабанда за луѓе за Шпанија. Откако Интернационалната бригада е разпрсната, Тито се враќа во Југославија со пасош на името Јосип Томанек. Пасошот како таков е наполно во ред, тој произлегува от Московската Ленинова висша школа. Потоа, откако наспроти сето тоа југословенската кралска полиција, одново го насочува своето внимание врз Броз, тој го менува неколку пати своето име, се додека најнакрај 1941-42 година не се појавил отново како Тито низ планинските усои на Босна. Меѓутоа, по сето она што се шушукало низ Лондон и Вашингтон, почнало да станува јасно дека Тито бил само еден, баран от полицијата разбојник, фалсификатор на пари и дрзок крадец, па на него не може да се смета сериозно. На британската и американската информациона служба им било многу јасно дека не само тој наречен Тито, но и целата негова средина се состоела од булумента подобни мрачни типови. Војната, ќе речат некои, ги дотерува и справедливите, без да го забележат тоа, во непријатна близина со такви авантуристички личности кои се издигаат речиси незабележано от забрканата тиња на подзмениот свет, во висините на политиката. Ете на пример, тоа е и посредникот меѓу Тито и Советскиот сојуз во Москва, предишниот воен аташе полковникот Богдан Симиќ, кој што во март 1941 година , при подготвувањето на фаталниот бунт на ген. Симовиќ ќе одигра решителна ролја, бунт со кој беше означен и почетокот на растурањето на југословенската држава. И еден друг член от владата на Тито, шпанскиот евреин Моша Пијаде, кој ќе остане запишан во историјата на српскиот народ како палачот от Црна Гора. Дописките од Србија сочат дека одреден број цркви и манастири, што биле преобратени от комунистите во локали за забавувања. Тоа е начин на дејствие, низ дивата Босна и от другите банди под заповедите на Тито. Сепак не се само терористите, оние кои се насобрале околу Тито, има и други сомнителни личности, како на пример назначениот подоцна за председател на Парламентот на Тито, д-р Иван Рибар, чиешто минато ги покажува типичните црти на сите оние темни политички сили, коишто играле секогаш една темна ролја во политичкиот живот на Југоизточна Европа.
Комунистичките банди во областа на некогашна Југославија беа многу помалку воен, отколку политички проблем. На знаменитата конференција во Техеран тие представуваа една от најважните точки во разговорите меѓу Сталин, Черчил и Рузвлет. Слично на “полското прашање“, борбата на Тито против кралот Петар за “заедничката зграда“ на Обединетите нации добила огромно значење. Меѓувремено, Сталин наредил, Тито да ги спроведе балканските аспирациите на болшевиките. Во областа на гр. Ужице (Србија) под водството на Тито, се пристапило кон формирањето на советска држава, точно по советски образец. Во тоа време српскиот генерал Драгољуб-Дража Михајловиќ, кој на почетокот се израдувал од неочекуваните комунистички сојзуници, увидел дека меѓу него и бандите на Тито се отвора неопреодолива провалија. Истовремено во Лондон, меѓу емигрантската влада, се пораѓаат и старите кавги за идното хрватско србско разпределување на власта. Потаоа Тито сфатил , дека настапил моментот да ги нападне отделните четнички групи на Михајловиќ, а сите оние коишто паднале живи во неговите раце биле измачувани и ликвидирани по најжесток начин.
Консервативните кругови во Лондон почнале да стануваат неспокојни и најпосле да сфатат, дека прашањето Тито или Михајлович станало, како полското прашање, политички проблем от прва величина и за самата Англија. Издавачите на различните лондонски списанија подигнуваат глас на предупредување против постепеното растечкото возвеличување на Тито. Од тука па натаму, притисокот на Москва се засилува от седмица на седмица, па така во српско-хрватските емисии на Лондонското радио е земено решение да се говори само за Тито, а за Михајловиќ или да не биде споменувано ништо, или да биде прикриено напаѓан.
Во есента на 1943 г, се случиле битките меѓу бандите на Тито и Михајловиќ, заради значителната ролја на пљачкосаниот воен материјал от страна и на едните и на другите, по поразот на Втората италијанска армија. Во крајот на ноември 1943г, Тито и Рибар создале некаков си Национален комитет за ослободувањето на Југославија, со карактер на приремена влада. Консервативниот британски печат почнал да се буни, додека печатот на левите продолжил да го велича Тито, а државниот секретар Хал изјави предпазливо во Вашингтон, дека САД им стоеле на разположение и на двете страни со своите пратки по законот за “заемање и давање под наем“. Уште во средината на декември 1943 г, лондонскиот “Тајмс“ изјави дека било абсурдно правителството на Тито да биде бележано како на терористи или комунисти, онака како што го правеле тоа во емигрантската влада во Каиро. Одеднаж тие обучени во Москва терористи на Тито станаа одлични југословенски граѓани от сите постоечки партии.
Ново плачевно коменике се појавува во англиското обштество, каде јавно се кажувало: Заслужува ли нашата нација – што се беше поставила наполно и самопожртвувано на станата на Велика Британија во тој момент, кога таа сила се бореше сама, и за својата верност понесе поголеми загуби от секоја друга нација на Европа? Само малку пред Коледе во 1943 година Тито издал еден позив, каде тој го објавувил југословенското емигрантско правителство во Каиро, за конечно паднато и немеродавно и го забранил евентуалното враќање на крал Петар назад во Југославија. Додека емигрантската влада во Каиро одговарила, дека решенијата на комунистите биле за нив без никакво значење, станало известно, дека Тито пратил некој от своите луѓе во Александрија, да преговараат со представителите на британскиот и американскиот генерален штаб. Конечниот резултат бил официјалната изјава на Ројтерс дека Маршал Тито е признат за равноправен сојузнички командант по повод настанатите воени преговори во Александрија. За расплаканата и понижена емигрантска клика во Каиро, онаа што ја фрли својата земја во несреќа по британска и американска желба, сега веќе не се грижел ама баш никој жив. Додека бандите на Тито биваа разбивани при нивното срамно бегство во планините и долините на Западна Босна, Москва веќе го постигнала, со својот комунистички маршал политички погледнато, сето она што го барала од Англија и Америка, нешто кон коешто се стремеле многу одамна во Кремл.
Има цели колони списоци, во кои се соопштува, со куси и разумни реченици за жестокото убивање на илјадици хрвати и срби, со точни податоци за личностите и местожителството, ликвидации преземани за време на комунистичкото господство во Босна, Црна Гора и други области от бандите на Тито. Всушност, драмата на српскиот и хрватскиот народ стигнала до една кулминациона точка, кога водачите на големите западни нации беа готови да го примат во своите редови организаторот на комунистичкиот терор како равноправен “командант“. Официјален Лондон предвидувал дека наскоро исто така и во Грција ќе бидат признати подобни сили како тие на Тито во Босна, за легитимни сојузници.
Кутијата на Пандора, от која низ годините излегуваа обучени терористички групи от различни националности, била фактички неизцрпна. Почетен и краен пункт бил училиштето за терористи Лениновиот институт во Москва, оние кои го подготвиле Јосип Броз за комунистички маршал, притоа имајќи сигурно на разположение подобни личности за секоја отделна европска држава. Секој оној којшто не верувал во тоа и ги отправи своите голи надежди кон Англија, доверувајќи ја својата судбина на британските гаранции, така како што стори оној мизерен крал Петар врз чија глава се отворила бездната, нашла истата горка судбина. Полските емигранти се видоа претставени на истата судбина, откако Москва преминала от дипломатија кон чисто брутално и јавно спроведување на своите егоистични цели. Винстон Черчил при своите разговори во Маракеш со Де Гол во јануари 1944 година требало внимателно да го изслуша извештајот за напредокот на комунистичките акции во Алжир.
Така, со согласноста и невниманието на претставниците на големите сили, еден обичен партиски активист, обучуван за терорист и конспиратор, станува легенда меѓу југословенските народи, на Балканот, за потоа да се претвори во движечката сила на меѓународната организација на Неврзаните. Југославија-неговата творба се распадна крваво. Тоа беше цената која требаше да се плати.
