Словенците си заминаа, утре заминува и чешкиот хеликоптер-во земјата нема активни пожари
Словенечкиот тим од 61 пожарникар и 18 возила специјализиран за гаснење шумски пожари си замина од земјата. Тимот дојде како поддршка за гаснењето на огнените стихии со кои во изминатиот период се соочи нашата земја. Утре заминува и чешкиот „Блек хок“ со седумчлената екипа.
За гаснењето на пожарот на територијата на општина Долнени во атарот на село Стровија биле ангажирани екипи на Национални шуми и доброволци кои успеале во целост да го изгаснат огнот. Целосно е изгаснат и пожарот на планината Готен и од радовишка и од беровска страна.

