|

Пожарот во „Јасен“ под контрола, изгаснати се 17 други пожари

Денеска до девет часот, на територијата на Северна Македонија има вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои нема активен пожар, под контрола е еден пожар, а изгаснати се 17 пожари, јавува Центарот за управување со кризи.

ПОД КОНТРОЛА:
1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума)

ИЗГАСНАТИ:
1. Општина Сопиште: кај Брана Езеро Козјак (ниска вегетација и шума)
2. Општина Студеничани: с. Горно Количани и с. Драчевица, планински врв Китка (мешана шума)
3. Општина Кичево: с. Душегубица (ниска вегетација и ниска шума)
4. Општина Охрид: с. Велгошти (ниска вегетација)
5. Општина Кавадарци: с. Брушани (ниска вегетација)
6. Општина Демир Хисар: с. Кутретино (депонија)
7. Општина Битола 1: м.в. Тепсија (ниска вегетација)
8. Општина Битола 2: с. Велушта (ниска вегетација)
9. Општина Новаци: Суводол – с. Балдовци (ниска вегетација)
10. Општина Прилеп: с. Беловодица, место викано Ливада и с. Лењиште (букова шума)
11. Општина Долнени: с. Стровија и с. Долгаец (мешана шума)
12. Општина Прилеп 2: кај Дата Центар во Прилеп (ниска вегетација)
13. Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација)
14. Општина Гостивар: во близина на Болница во Гостивар (ниска вегетација)
15. Општина Врапчиште 2: с. Тумчевиште (ниска вегетација)
16. Општина Чешиново-Облешево: кај објектот Мак Млин (ѓубриште, гуми)
17. Општина Струмица: с. Турново и с. Иловица (депонија)



Слични Објави