Втора група студенти од Бугарија станаа дел од „Креативна резиденција – Берлин 2025“
Втора група студенти од Бугарија оваа недела се приклучи на заедничкиот проект на Бугарскиот културен институт (БКИ) во Берлин и Националната ликовна академија (НХА) во Софија – „Креативната резиденција – Берлин 2025“, јавува Радио Бугарија.
Целта на проектот е студентите од различни катедри да се запознаат со богатите музејски поставки во германската престолнина. Учесниците се избрани од 14-члена комисија составена од професори на НХА и вработени во БКИ – Берлин, информираат од институтот.
Овојпат во програмата учествуваа Карина Амбарцумјан, Симона Василева и Гергана Бешева, кои посетија дел од берлинските музеи и галерии. Нивната богата агенда опфати и посета на знаменитостите во Потсдам.
Во бугарската амбасада во Берлин тие се сретнаа со заменик-шефот на мисијата Галина Цветанова-Костова, ја разгледаа изложбата во БКИ, богатата библиотека и се информираа за активностите на институтот.
„Веруваме дека впечатоците од нивниот престој ќе го прошируваат хоризонтот на нивните креативни стремежи и интереси,“ додаваат од Бугарскиот културен институт во Берлин.

