| |

Зеленски: Примирјето во Газа „дава надеж“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави постигнатoто примирје во Газа и истакна дека тоа му дава надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп може да посредува за прекин на руската инвазија во Украина, јавува БГНЕС.

„Кога мирот ќе се постигне во еден дел од светот, тоа носи поголема надеж за мир и во други региони“, напиша Зеленски на социјалните мрежи. Тој додаде дека, ако во Блискиот исток е постигнато примирје и мир, „лидерството и решителноста на глобалните актери сигурно можат да работат и за нас, во Украина.“

Слични Објави