| |

Фон дер Лајен, топката и теренот на „лавовите“*

Георги Станков

Топката е во вашето поле. Тоа го порача фон дер Лајен на македонската политичка елита. Повторно.
Тие луѓе, од т.нар. елита, се политички криминалци, затоа што три и пол години го запираат движењето на нивната држава кон ЕУ. Криминалци се, затоа што ја подменуваат вистината за преговорите на Скопје со ЕУ со фантазмагории и небулози, кои му ги продаваат на својот народ како топол симид.

Криминалци се, затоа што во летото 2022 година ја пречекаа на најпростачки начин истата фон дер Лајен, која им дојде во Собранието да го поддржи францускиот предлог. Едни ја исвиркуваа како на фудбалски натпревар, други извикуваа „Фашисти“, а еден политичар – комунист ја „поздрави“ со среден прст. Толку за таа политичка класа.

Сега, повторно, лавовите на врвот во Р.С. Македонија ќе се направат дека не чуле – не разбрале и ќе ја продолжат својата песна за „креативни решенија“ по југословенски – одамна отпеана песна, која со триста маки се пласира во топ-листите само на Унгарија и Словачка. Но, кој сее ветрови, ќе жнее бура. Без разлика која партија е на врвот. Зашто коренот на сите им е УДБА.

*Насловот е на редакцијата

Слични Објави