| |

ОД 19 АВГУСТ ВО СИЛА НОВИ САНКЦИИ НА САД ПРОТИВ РУСИЈА

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот потпиша указ за воведување втор пакет санкции против Русија за случајот Скрипал, јавува Независен. Во врска со ова, американскиот Стејт департментот синоќа во одвоено соопштение за јавноста прецизираше дека се санкцинирани руските државни обврзници додека меѓународните кредитори, како ММФ или СБ, се повикуваат да не доделуваат кредити на Москва. Мерките стапуваат во сила на 19 август.

Од санкции се исклучени само пловните средства за транспорт на земјоделски прозиводи. Во новиот пакет има и забрани американските банки да не учествуваат во првичниот пазар на руски државни обврзници во девизи и забрана на давање девизни кредити на руската Влада.

Слични Објави