Над 50.300 електронски пријави за гласање во странство за изборите во Бугарија, рокот за пријавување истекува вечерва во 24:00 часот
Над 50.300 бугарски државјани поднеле електронска пријава за гласање во избирачки места во странство соопшти Централната изборна комисија на Бугарија, во последниот ден од пријавувањето.
Најголем број пријави има од Турција – 11.700, потоа од Обединетото Кралство – 8.800, и од Соединетите Американски Држави – 3.700.
Рокот за поднесување пријави истекува вечерва во 24:00 часот по бугарско време. Од Комисијата потсетуваат дека станува збор за парламентарните избори што ќе се одржат на 19 април 2026 година.
До 28 март ќе биде утврден точниот број на избирачките места во странство, како и локациите на кои тие ќе бидат отворени.

