Во Софија ќе се одржи кариерниот форум „Бугарија на 5 океани“
Форумот „Бугарија на пет океани“, организиран од иницијативата Bulgaria Wants You, ќе се одржи на 30 мај во Интер Експо Центар во Софија, јавува БНР.
Настанот има цел да ги поврзе Бугарите од земјата и странство со водечки компании и конкретни можности за кариера и живот во Бугарија.
Минатото издание привлекло повеќе од 4500 посетители и речиси 80 компании, со што се вбројува меѓу најзначајните кариерни настани во Бугарија. Меѓу првите потврдени говорници оваа година се оперската прима Сонја Јончева, поп пејачката DARA, претприемачот Даниел Бачорски, истражувачот Христо Пимпирев и Атанас Семов.
Организаторите истакнуваат дека форумот ја зацврстува својата улога како мост меѓу глобалниот бугарски талент и можностите во татковината.
Влезот е бесплатен со претходна регистрација.
