Радев ќе учествува во петтата Конференција за обнова на Украина во Гдањск
Бугарскиот премиер Румен Радев ќе учествува во петтата Конференција на високо ниво за обнова на Украина, која ќе се одржи денеска во полскиот град Гдањск, јавува БГНЕС.
На меѓународниот форум ќе учествуваат државни и владини лидери, претставници на меѓународни организации, финансиски институции и на бизнис-секторот.
Во фокусот на средбата ќе бидат разгледани пристапите за повоената обнова на Украина, како и обновата на критичната инфраструктура и логистичките врски во регионот.

