| |

Муцунски како последна инстанца за историските прашања*

Андреј Ковачев

Во јавно изјаснување денес (24 јуни, бел. уред.), министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објаснува што „научниците“ имаат право да признаваат, а што не — врз основа на тоа што тој знаел од историјата и што му било кажано. На пример, Тимчо не дозволува Георги/Гоце Николов Делчев да биде Бугарин — независно од фактите. Интересен научен пристап.

Обично историчарите прво ги разгледуваат изворите, документите и фактите, а потоа донесуваат заклучоци. Тука постапката е обратна: прво доаѓа политичкиот заклучок, а потоа „историчарите“ имаат скромна задача да го објават однапред познатото политичко решение. Иновативен „научен“ пристап!

Сепак, ова е токму спротивно на она што е запишано во точка 74 од резолуцијата на Европскиот парламент, усвоена пред неколку дена, која бара работата на Заедничката историска комисија да се заснова на објективни, автентични и доказни историски извори и документи, како и на научна интерпретација.

Очигледно некој веќе не се гледа само како министер за надворешни работи, туку како последна инстанца за историските прашања.

*Насловот е на редакцијата



Слични Објави